Со ажурирање на податоците за Вашата е-мејл адреса можете да се регистрирате за користење на бесплатната услуга “E-мејл известувања за трансакции со платежни картички”, при што добивате известувања по прокнижување на сите трансакции реализирани со Вашите картички при пазарување и подигнување готовина, во земјата и во странство. Детална евиденција на приливи и одливи по сите основи на Вашата платежна сметка, можете да добиете и со извод од платежната сметка во најблиската експозитура на УНИ Банка, или пак на е-мејл доколку аплицирате за оваа услуга, исто така, во најблиската експозитура на УНИ Банка, при што изводот ќе го добивате со секоја промена на состојбата на сметката. |