УНИ Банка АД Скопје од 2ри септември 2019 година започна со примена на “3D Secure“ технологија на картички, со која им овозможува на своите клиенти корисници на дебитни и кредитни картички од Mastercard и Visa брендот највисоко ниво на сигурност и безбедност при интернет плаќања со картичка. 3D Secure“ технологијата, преку програмите Mastercard Identity Check за Mastercard картички и Visa Secure за Visa картички, со испраќање на СМС порака со ОТП (One Time Password) овозможува проверка на идентитетот на корисникот на картичката, односно проверка дали вистинскиот корисник на картичка ја користи картичката при интернет плаќања. При тоа, не се менува начинот на плаќање, додаден е само уште еден чекор со кој се зголемува безбедноста на интернет плаќањата и се овозможува дополнителна сигурност и контрола.3D Покрај стандардните податоци кои се бараат при плаќање на интернет – број и рок на важење на картичка, име и презиме на корисникот на картичката и CVC/CVV2 код, кај трговци кои учествуваат во програмите за сигурност Mastercard Identity Check и Visa Secure, ќе биде побарано внесување на ОТП лозинка. |