За да се користи услугата интернет банкарство потребно е да се биде клиент на Банката и корисникот да биде регистриран. Регистрацијата за интернет банкарство може да се направи на еден од следните начини:
- On-line регистрација – преку линкот https://e-unibanka.mk/oauth2- server/registration?client_id=E_BANK , при што клиентот самостојно ги одредува корисничкото име и лозинката за влез. Откако ќе направите on-line регистрација за активација на кориснички профил потребно е да посетите некоја од експозитурите на Банката, каде со потпишување на потребната документација се дефинираат услугите кои клиентот ќе ги користи и се врши активација на веќе креираниот профил. Може да се користи и за физички и за правни лица. При on-line регистрaцијата клиентот не добива e-пошта со корисничко име и лозинка за најава од причина што истите самостојно ги креирал.
- Регистрација во експозитурите на Банката – регистрација на корисникот се врши во просториите на Банката. По потпишување на потребната документација и дефинирање на корисничките услуги се врши активација на корисникот и истиот добива е-пошта со корисничко име и лозинка за најава на апликацијата за интернет банкарство. Може да се користи и за физички и за правни лица. Корисничкото име и лозинка може да се променат по желба на клиентот.
НАЈАВА НА АПЛИКАЦИЈАТА
Најавата на Е-Банка се врши преку линкот : https://e-unibanka.mk/oauth2-server/login?client_id=E_BANK&theme=E_BANK
Повеќе на линкот
Мобилната апликација My Unibank е достапна на :
За најава на MY Unibank потребно е да имате кориснички профил креиран во Банката со доставен податок за мобилен број кој активно го користите.
За најава на Е-Банка и мобилната апликација My Unibank се користи исто корисничко име и лозинка. Активен кориснички профил на мобилната апликација може да имате само на еден мобилен уред.
При промена на мобилен уред откако ќе ја инстлирате апликацијата правите најава на новиот уред со корисничко име и лозинка кои веќе сте ги користеле.
Повеќе на линкот