ФИЗИЧКИ ПОС ТЕРМИНАЛИ

Овозможете им на Вашите клиенти алтернативени канали на плаќање!
УНИБанка АД Ви нуди можност за поставување на бесконтактни ПОС терминали во Вашите продажни објекти, кои што овозможуваат плаќање со сите продукти на домашни и меѓународни дебитни и кредитни картички од брендот Mastercard® и Visa®, како и DinersClub картички.
Можност да понудите нови можноси и поволности на своите клиенти:
  • Удобност при плаќање, без да носат готовина со себе;
  • Брзина и едноставност при бесконтактно плаќање;
  • Безбедност и сигурност;
  • Плаќање на рати.
Работите лесно, удобно и сигурно:
  • Создавате дополнителна удобност на своите клиенти;
  • Создавате услови за сигурни и гарантирани плаќања;
  • Минимизирање на можноста од грешки, како резултат на броење готовина и враќање на кусур/остаток;
  • Намалување на трошоци за уплата на готовина во експозитура;
  • Можност за сторнирање на плаќањата, веднаш;
  • Зголемена продажба;
  • Задоволни потрошувачи;
  • Брза и безбедна услуга.
Модерни ПОС терминални:
  • Бесплатно аплицирање и инсталирање;
  • Високо специјализиран кадар за континуирана обука и посета на локации;
  • Бесплатна техничка поддршка 24/7;
  • Бесплатно обезбедување на рекламен материјал.
Специјални финансиски услови:
  • Бесплатно отворање на платежна сметка во УНИБанка;
  • Пониски провизии за одржување на платежната сметка со вклучена услуга за електронско и мобилно банкарство;
  • Бесплатно издавање на бизнис дебитна картичка поврзана на платежната сметка за ПОС терминали;
  • Префрлањето на средствата по основ на ПОС трансакции намалени за договорената провизија е до 24 часа од денот на реализирање на трансакцијата, односно првиот работен ден после денот на реализирање на трансакциите;
  • Извештаи за реализирани ПОС трансакции, согласно потребите на клиентите.
Потребни документи за инсталирање на ПОС терминал
  • Барање за ПОС терминал;
  • Прашалник за трговец;
  • Тековна состојба не постара од 3 (три) месеци;
  • ЗП образец;
  • Заклучен лист
    • За клиенти кои аплицираат во период од 15.03 до 31.08 во тековната година - заклучен лист за претходен пресметковен период 31.12 претходната година.
    • За клиенти кои аплицираат во период од 01.09 тековната до 14.03 следната година - заклучен лист со 30.06 од тековната година;

ОПШТИ УСЛОВИ НА УНИВЕРЗАЛНА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА
ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПОС ТЕРМИНАЛ ПРИ ПЛАЌАЊА СО КАРТИЧКА

Се применуваат од 20.05.2024
ОПШТИ УСЛОВИ НА УНИВЕРЗАЛНА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПОС ТЕРМИНАЛ ПРИ ПЛАЌАЊА СО КАРТИЧКА

ПЛАЌАЊЕ ДО 48 РАТИ БЕЗ КАМАТА СО КРЕДИТНИ КАРТИЧКИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИБАНКА АД
УНИБанка АД нуди можност на своите клиенти корисници на ПОС терминали за плаќање на РАТИ БЕЗ КАМАТА со кредитни картички издадени од Банката.
Со Mastercard и Visa кредитните картички на УНИБанка АД може да се плаќа на фиксен број рати (2, 3, 6, 12 т.е. до 48 рати), без камата, на продажните места со кои Банката има склучено договор.
Предности од услугата:
  • Трговецот веднаш без одложување ги добива средствата од реализираната продажба на рати:
  • Корисникот на картичката плаќа износ без дополнителен надомест. Вкупниот износ на средства од извршената трансакција ќе му достасува на рати и без камата за износот на недостасаните рати.
Продажните места коишто нудат можност за плаќање на рати без камата се достапни во на следниот линк.
Аплицирај онлajн
E-mail адреса за контакт: POS-helpdesk@unibank.com.mk
Поврзани линкови:
Електронска трговија (e commerce)
ova mozda treba da nosi na forma za appliciranje za e banking idk bash