Бизнис Дебитна Картичка

Што треба да знаете за Вашата бизнис дебитна картичка за правни лица од УНИБанка:

  • Располагање со потребната валута насекаде во светот, располагање со потребните средства 24 часа во денот, 7 дена во неделата;
  • 24-часовна поддршка за корисниците, насекаде во светот.
  • Депонирање 24/7 на готовина на сметка преку банкоматите на УНИБанка;
  • Бесконтактната картичка која Ви овозможува максимална сигурност и функционалност (побарајте го знакчето и со доближување на картичката, БЕЗ внесување на картичката во банкомат или пос терминал, ја извршувате секоја картична трансакција);
  • Mеѓународно прифатена, која овозможува едноставно и сигурно безготовинско купување на роба и услуги (хотелско сместување, патувања, купување на опрема и сл.) во земјата и во странство, подигнување готовина од банкомати во земјата и во странство и купување на интернет (резервации по хотели, online купување на авионски билети и сл.);
  • Искористети ги сите поволности кои ги нуди бизнис дебитната картичката за правни лица од УНИБанка, преземете документи и аплицирајте online или во најблиската експозитура на УНИБанка. 
  • СМС порака со известување за секоја трансакција со картичката;
  • Највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата - 3D Secure заштита;
    • Бесплатен Airport Lounge Access – бесплатен пристап и користење на услугите во деловните зони на над 1.800 аеродроми во светот преку LoungeKey програмата на Mastercard®.  
      Од 01.08.2026 година, корисникот на картичката може да користи до 4 бесплатни пристапи во тековната година во деловните зони на аеродромите од програмата. Бесплатните пристапи може да ги искористи само корисникот на картичката.
      Пристапот до деловните зони од LoungeKey програмата е едноставен:
      - При влез во деловната зона покажете ја Вашата Mastercard® Business платежна картичка од УНИ Банка и важечката бординг карта, или
      - Покажете го QR кодот кој ќе го добиете по направена регистрација на платформата LoungeKey заедно со Вашата Mastercard® Business платежна картичка од УНИ Банка и важечката бординг карта: https://airport.mastercard.com/en .
      По искористување на бесплатните пристапи, влез во деловните зони може да се користи само согласно редовните услови за нивно користење.
      Повеќе информации прочитајте на https://airport.mastercard.com/en ;
    • Напомена: Оваа привилегија е овозможена од меѓународната картична организација Mastercard т.н. давател на услуга, додека Универзална Инвестициона Банка АД Скопје е посредник помеѓу давателот на услугата и крајниот корисник. Услугата може да биде времено или целосно укината од страна на Mastercard без претходна најава, при што Универзална Инвестициона Банка АД Скопје АД Скопје не сноси одговорност за исполнување на истата. 
ova mozda treba da nosi na forma za appliciranje za e banking idk bash
Scroll to top

Copyright © Уни банка, 2023 година. Сите права се задржани.