Гаранции
Секогаш Ве поддржуваме и со задоволство учествуваме во градењето на сигурни и регулирани партнерски односи со Вашите деловни партнери во земјата и странство. Затоа Ви нудиме палета од повеќе видови банкарски гаранции кои значително ќе го олеснат работењeто со Вашите добавувачи и клиенти и вооедно ќе го забрзаат и гарантираат процесот на плаќање, испорака и квалитет.
Банкарската гаранција претставува најсигурен инструмент за обезбедување на плаќање помеѓу деловните субјекти, како безусловна и неотповиклива обврска на Банката во писмена форма да плати одреден износ на пари, во случај не неизвршување на обврските што се договорени помеѓу двата субјекти.
Денарски и девизни гаранции
Платежна гаранција
  • Намена: За обезбедување на плаќањето или испораката на стоката.
  • Износ: Не повеќе од износот на документот, кој е основ за издавање гаранција.
  • Валидност: Не подолго од валидноста на документот кој е основ за издавање продолжена за одложеното.
Авансна гаранција
  • Намена: За обезбедување на авансот исплатен од Корисникот на гаранцијата на Должникот по гаранцијата.
  • Износ: Износот на или помал од износот на дадениот аванс.
  • Валидност: До испорака/извршување на стоката/услугата или кратко потоа.
Гаранција за добро извршување
  • Намена: За обезбедување на навременото или квалитетно извршување на договорот. Износ: определен % од износот на договорот.
  • Валидност: До исполнување на обврските по договорот
Гаранција за гарантен период
  • Намена: За обезбедување на паричните средства наменети за отстранување на недостатоците од несоодветно извршената договорна работа.
  • Износ: определен % од износот на договорот.
  • Валидност: До времетраењето на гарантниот период.
Царинска гаранција
Намена: Обезбедување на долг при следните царински постапки: пуштање во слободен промет, царинско складирање, увоз/извоз за облагородување, преработка под царинска контрола, привремен увоз, извоз и привремено чување, гаранција за обезбедување на акцизен долг
Тендерска гаранција
  • Намена: За обезбедување на исполнувањето на договорните обврски кои произлегуваат од јавната набавка (тендерот).
  • Износ: определен % од износот на понудата.
  • Валидност: Не подолго од валидноста на тендерот продолжена за деновите за жалба (минимално 14 дена).
Напомена
***Дополнително на критериумите наведени погоре, износот и валидноста на гаранцијата се утврдуваат во согласност со одлуката на кредитниот одбор на УНИБанка АД.
Преземете Апликација и аплицирајте ТУКА
ova mozda treba da nosi na forma za appliciranje za e banking idk bash