Имате можност да депонирате банкноти во македонски денари со различна деноминација од 10 денари, 50 денари, 100 денари, 200 денари, 500 денари, 1.000 денари и 2.000 денари. Банкоматот не прифаќа монети. Банкнотите се поставуваат хоризонтално, во должина, без посебен распоред. Максимален број на банкноти по трансакција е 300. Банкнотите кои при депонирање и верификација се издвоени како лажни или фалсификувани, БАНКАТА ги задржува, согласно законската обврска за откривање и повлекување фалсификувани пари. Во овој случај можете да се обратите во најблиската експозитура на УНИБанка каде детално ќе Ве информираат за постапката за обработка на сомнителни и фалсификат банкноти. Општи услови за користење на услуга депонирање на готовина на банкомат на Универзална Инвестициона Банк АД Скопје Корисничко упатство за депонирање готовина на Cash in на банкомат Скопје |