Историја

  • 2022
    • Банката ја издаде успешно втората перпетуална обврзница
  • 2021
    • Воведен е нов продукт – Трговиjа со инвестициско злато, со што Унибанка АД Скопје е прва банка на македонскиот пазар која ја нуди оваа финансиска услуга
  • 2020
    • Банката се здоби со признание за особен придонес во развојот на Економски факултет - Скопје
  • 2019
    • Банката направи пионерски чекор на македонскиот финансиски пазар и ја издаде првата перпетуална обврзница
    • Котација на приватна емисија на обврзници од 5 милиони евра
  • 2018
    • Вкупната актива на Банката забележа највисок пораст во банкарскиот сектор во висина од 26 %
  • 2013
    • Банката добива признание за најдобра Банка на годината во областа за финасиски услуги доделена во Оксфорд, Англија од Европската Бизнис Асамблеа
    • Банката започна да котира на официјалниот пазар на Македонска берза на харии од вредност
  • 2012
    • Од страна на Интернационалната Финансиска Корпорација (ИФЦ) одобрена кредитна линија на УНИ Банка, како емисиона банка во програмата на ИФЦ преку која ќе се финансира трговското работење на увозните и извозните трговски друштва - клиенти на УНИ Банка
  • 2008
    • Банката добива признание за најдобра банка со помала актива во Македонија од угледниот економски магазин “Finance Central Europe” од Велика Британија-Лондон
  • 2006
    • Преминува од мала во средна банка согласно активата
  • 2003
    • Сопственичка трансформација на акционерскиот капитал на Банката.
    • Реализирана е нова емисија на акции во вкупен износ од 2,0 милиони ЕУР.
    • Промена во структурата на акционерскиот капитал на Банката од 78,8%.
    • Интензивирани се активностите за унапредување на работењето на банката согласно со нова стратегија.
    • Новото име на Банката е Универзална Инвестициона банка а.д. Скопје или УНИ Банка
    • Банката има дозвола за вршење на сите банкарски активности согласно Законот за банки.
  • 1993
    • Банката е основана под името Балканска банка а.д. Скопје.
    • Согласно со регистрацијата, Банката ги вршеше сите банкарски активности.

Организациона структура

Менаџмент

Управен Одбор
Владислав Хаџидинев Член на Управен Одбор/Извршен Директор   Г-дин Владислав Хаџидинев Г-дин Владислав Хаџидинев и се приклучува на Банката во 2015 година како Извршен директор и Член на Управен одбор на УНИБанка АД Скопје. Со промената на организациската шема во 2016 година г-дин Хаџидинев е именуван за Главен директор за финансии, Член на Управниот одбор и Извршен директор. Од мај 2019 година, со новата организациска шема, г-дин Хаџидинев извршува функции на Извршен директор и Член на Управниот одбор. Пред тоа г-дин Хаџидинев беше дел од Прва Инвестициона Банка АД Софија, Бугарска Народна Банка и Адви Корп во Лондон. Во неговата кариера има работно искуство во Приватното Банкарство, Управување со инвестициско портфолио и трговија со хартии од вредност. Г-дин Хаџидинев одговорноста во Банката ја има за рaботењето на: Дирекција Финансии и сметководство, Дирекција Управување со ризик; Дирекција Управување со проблематични пласмани Дирекција Информатички технологии; Дирекција Платни системи Дирекција Картично работење и Дирекција Кредитна Администрација.Г-дин Хаџидинев не зазема други позиции освен позициите во Банката.
Милка Тодорова Извршен директор/ Претседател на Управен одбор. Г-ѓа  Милка Тодорова Г-ѓа Милка Тодорова започнува со работа во Универзална Инвестициона Банка АД Скопје –УНИ Банка во 2011 година како член на Надзорен одбор, функција која ја извршува до 2018 година. Од 2019 година, г-ѓа Милка Тодорова извршува функции на Извршен директор и Претседател на Управен одбор на УНИБанка АД Скопје, а со измените на статутот извршува функции на Главен Извршен директор и Претседател на Управен одбор на УНИБанка АД Скопје. Г-ѓа Милка Тодорова одговорноста во Банката ја има за работењето на: Дирекција Правни работи, Служба за контрола на усогласеност со прописи, Служба за спречување перење пари и финансирање тероризам, Дирекција Корпоративно банкарство, Дирекција Банкарство за население, Дирекција Кредитен центар, Дирекција Човечки ресурси и Дирекција Маркетинг и реклама. Пред да се приклучи во банката, г-ѓа Милка Тодорова има работено и извршувано повеќе функции во Прва Инвестициона Банка АД Софија и тоа како: кредитен експерт за корпоративно банкарство, заменик директор за корпоративно банкарство, директор на Дирекција за кредитирање на мало како и член на Управен одбор. Исто така во периодот 2013 -2014 г. беше извршен директор на Унионбанк АД Софија. Г-ѓа Тодорова e независен член на надзорниот одбор на Интернационален Картичен Систем АД Скопје.
Делчо Крастев Член на Управен Одбор/Извршен Директор   Г-дин Делчо Крастев Г-дин Делчо Крастев започнува со работа во Универзална Инвестициона Банка АД Скопје –УНИ Банка во 2003 година како Директор на Дирекција за корпоративно кредитирање. Г-дин Крастев во 2008 година е именуван за Извршен директор и Член на Управен одбор на УНИ Банка АД Скопје и оваа функција ја извршува се до 2016 година. Со промената на организациската шема во 2016 година г-дин Крастев е избран и именуван за Главен директор за кредитирање, Член на Управниот одбор и Извршен директор. Од мај 2019 година, со новата организациска шема, г-дин Крастев извршува функции на Извршен директор и Член на Управниот одбор. Г-дин Делчо Крастев одговорноста во Банката ја има за рaботењето на: Дирекција Стратешки клиенти, Мрежа на експозитури, Дирекција Трежри, Сигурност, Служба за Небанкарски дејности и Служба Контакт центар.Пред да се приклучи на Банката, г-дин Делчо Крастев работи како Кредитен инспектор во Прва Инвестициона Банка АД Софија. Г-дин Крастев не зазема други позиции освен позициите во Банката.
Надзорен Одбор
Светозар Попов претседател Прва Инвестициона Банка, Софија, Бугарија Член на Управен одбор, Извршен директор и Главен директор за ризици во Прва Инвестициона Банка АД Софија – Република Бугарија.
Ралица Богоева Член Прва Инвестициона Банка, Софија, Бугарија Член на Управен одбор и Извршен директор во Прва Инвестициона Банка АД Софија – Република Бугарија.
Јанко Караколев Член Прва Инвестициона Банка, Софија, Бугарија Член на Управен одбор и Главен финансов директор во Прва Инвестициона Банка АД Софија – Република Бугарија и член на Управен одбор во Прва Инвестициона Банка АД – Република Албанија.
Константин Арнаудов Член Прва Инвестициона Банка, Софија, Бугарија Директор на Корпоративно банкарство во Прва Инвестициона Банка АД Софија – Република Бугарија.
Николај Драгомирецки Член Екобултекс АД Софија Управител и член на Одбор на директори во Екобултекс АД Софија – Република Бугарија.
Дејан Кнезовиќ Член Адвокатско друштво Кнезовиќ и соработници, Скопје Управувачки партнер во Адвокатско друштво Кнезовиќ и соработници Скопје, Република Северна Македонија

Сопственици и акционери

ova mozda treba da nosi na forma za appliciranje za e banking idk bash