Мобилно банкарство
Вашето слободно време е бесценето! Искористете ги удобностите на нашето Мобилно банкарство и заштедете!
  • ON-LINE аплицирајте за кредитен продукт
  • Затварете го достасаниот долг по кредитна картичка
  • Следете ги:
    • состојбите на трансакциски сметки, текот на трансакциите
    • состојбите на депозити, кредитни картички, кредити
    • авторизациите направени со картички
    • курсни листи
Мобилна апликација My Unibank
Вашата банка е насекаде со Вас - безбедно и удобно. Со Mобилната апликација My Unibank, можете брзо и лесно да ги проверите состојбите на Вашите банкарски сметки и депозити, да вршите плаќања во реално време, да добивате најнови информации за Вашите кредитни и дебитни картички. А ако барате експозитура или банкомат, апликацијата Ве упатува во најблиската и најпогодна за Вас. Сето ова е направено со современ интуитивен дизајн за да биде лесно и удобно за Вас.
Новата апликацијата My Unibank е нова верзија со модерен изглед, подобрен кориснички интерфејс, лесна навигација, зголемен број на функционалности. Новите функционалности, покрај новиот модерен изглед, се создадени со цел на брз, практичен и иновативен начин, корисниците да ги завршат своите потреби за банкарски услуги. За постоечките корисници, новата апликација може да се активира без посета во експозитура и со примена на најдобрите практики и меѓународните стандарди за безбедност на овој вид на комуникација.
Функционалности кои се вклучени во мобилната апликација се:
  • Можност за најава и потпишување со Биометрија
  • Плаќања во земјата; Кредитен трансфер, Режиски трошоци, Буџетски плаќања
  • Плаќања во странство
  • Плаќања со тековна или идна валута
  • Листа на одобрени примачи
  • Плати на пријател (преку листата на телефонски контакти)
  • Побарај пари од пријател (преку листата на телефонски контакти)
  • Мој буџет - алатка со која можете да трошите паметно и да ги контролирајте Вашите пари
  • Купопродажба на валута
  • Договарање на курс
  • Целосен достап до трансакции и авторизации со дебитни и кредитни картички
  • Можност за затварање на достасан долг по кредитна картичка
  • Копија на налог, зачувување на налог како шаблон
  • Нотификации - за приливи, одливи, блокади, деблокади
  • Брз преглед на документи за потпис и последни трансакции
  • Изводи по сметки и депозити
  • Креирање на извештаи за промет во период
  • Вчитување на изводи, извештаи за промет и налози во .pdf формат и споделување
  • On Line аплицирање за кредит
  • Барање за СМС нотификации
  • Барање за пакети
  • Скенирање на QR код заради авторизации
  • Информации за курсна листа
  • Мапа на банкомати и експозитури со навигација за најблиската локација
  • Приспособувања на јазикот за работа, лозинката, мерки за безбедност
  • Доставување на пораки до Банката при потреба од менито поддршка и информација
  • Информации за Тарифата на Банката, Општите услови користење на услуги во електронските сервиси на Банката, Политика за приватност
Апликациите My Unibank и UNI Tоken стануваат една апликација - My Unibank.
Новата апликација My Unibank поддржува и скенирање на QR код за најава и потпишување на налози и документи и на web апликацијата на Банката и на мобилната апликација.
Не сме забравиле и на Вашата сигурност
Имате различни опции за да изберете лимити на трансакциите и приспособувања за безбедност, како што се должината на сесијата, политика на потврдување и друго.
Од приспособувањето на апликацијата, можете да одберете:
  • Начин на потпишување на активните операции - плаќањата:
    • сите операции на уредот со Токен;
    • операции до одредени лимити на апликацијата со лозинка.
  • Времетраење на сесијата на апликацијата. Не се препорачува да се користи неразумно долга сесија
Поддржани оперативни системи:
Апликацијата е достапна за iOS, Android и Huawei со app store, со задолжителни минимални барања за верзија поставени од Банката.
Во моментов, минималните барања се: Android 8.0 (API level 26) и iOS 11
Корисниците на апликацијата можат да бидат:
  • За плаќања (активно банкарство) – физички лица постари од 18 години;
  • За извештаи (пасивно банкарство) – правни лица и физички лица над 18 години;
  • Овластени лица на физички и / или правни лица.

Мобилната апликацијаMy Unibank е достапна за бесплатно превземање од каталогот за апликации поддржан од соодветниот оперативен систем (во моментов на Google Play, AppStore и Huawei со app store).

ova mozda treba da nosi na forma za appliciranje za e banking idk bash