Добредојдовте

Добредојдовте

Коста Митровски
Главен Извршен директор (CEO) 
и Претседател на Управниот одбор
Делчо Крстев
Главен директор за кредитирање (CLO), 
Член на Управниот одбор 
и Извршен директор
Владислав Хаџидинев
Главен директор за финансии (CFO),
Член на Управниот одбор 
и Извршен директор

 

Добредојдовте во УНИБанка АД Скопје!

Со голема чест и задоволство на овие страници Ви го презентираме нашето успешно повеќегодишно постоење.

Започнувајќи од 1993 година,  УНИБанка се промовираше како лидер во средната група на Банки во Република Македонија, благодарение пред се на довербата која ни беше укажана од страна на нашите клиенти, како и постојаниот процес на усовршување на работењето и вработените.

Креиравме и имплементиравме низа иновативни продукти и услуги, исклучиво како одговор на потребите на клиентите, водени од европските и светските банкарски стандарди.
На нашите клиенти им нудиме исклучителен систем од вредности заснован на традиција, сигурност и стабилност.

Низ овие  години банката растеше заедно со своите клиенти и денес со задоволство можеме да се пофалиме со следниве бројки:

  • 20 години успешно и стабилно работење
  • Над 200.000 клиенти
  • 30 експозитури ширум Македонија
  • Најголем број на банкомати во Македонија
  • Најголем број на издадени картички
  • Прва банка која во своето работење воведе чип заштитна технологија
  • Прва банка која го воведе електронското плаќање преку интернет
  • Нов новативен пристап во работењето
  • Директен непосреден пристап и комуникација со клиентите 

Улогата на УНИБанка во домашниот пазар
Преку  активната улога во домашниот и меѓународниот платен промет и низ годините на своето постоење, УНИБанка покажува позитивни финансиски показатели во сите сегменти на своето работење.

Општествена одговорност
Активен учесник сме  во креирањето на корпоративни општествени вредности и поддржувач на младите, спортот, културата и уметноста.

Развој
Признати како банка која забележува брз развој, иновативност и транспарентност во работењето, квалитетни услуги, директен и непосреден пристап на интеракција со клиентите.

Визија
Нашата визија е да бидеме константно лидери во иновации на пазарот, следејќи ги светските/европските банкарски трендови и нивното имплементирање на домашниот пазар, на тој начин нудејќи им поволности и екстра бенефиции на своите клиенти.

Вработени
Целта ни е да одбираме млад кадар и да им овозможиме своето прво работно искуство да го стекнат во нашата банка.
Вработените постојано се едуцираат со можности за брз напредок во својата кариера.

Грижа за клиенти
Раководејќи се од светските критериуми за услуга на клиентите, постојано се врши мониторинг и мерење на задоволеноста на нашите клиенти. Со постојани истражувања настојуваме на нашите клиенти да им пружиме максимална удобност во користењето на банкарските услуги. 

Од тука нека започнат сите ваши убави и успешни нешта.
Ваш партнер кон успехот.

Со почит,

Управен Одбор на УНИБанка