Денарски ПП

Отворање сметки на правни лица

Врз основа на писмено барање (образец на Банката) и прилог на соодветната документација банката отвора сметки на правни лица во Р. Македонија кои сакаат да вршат платен промет во земјата.

Документи што се доставуваат за отворање денарска сметка на резиденти се: 

  1. Решение за упис или тековна состојба од трговскиот регистар, во хартиена форма или електронски, потпишани со квалификуван сертификат согласно со закон, или акт од надлежен орган, или извод од закон, или Решение за отварање стечајна постапка;
  2. Заверен потпис на лицата овластени за застапување (ЗП Образец) оригинал или копија заверена на нотар;
  3. Спесимен на потписи на лицата кои ќе располагаат со средствата на сметката (образец на Банката);
  4. Прашалник за начинот на доставување на налози до Банката и прием на пошта од Банката (образец на Банката);
  5. Договор за отворање и водење сметка (образец на Банката).

 

Странските правни лица (нерезиденти) отвораат денарски сметки врз основа на следните документи:

  1. Писмено барање за отворње на нерезидентна сметка;
  2. Поднесен оригинал или заверен препис од документот за регистрација од домицилната земја;
  3. Превод од регистрација од овластен судски преведувач заверен на нотар;
  4. Потпис заверен од нотар на овластено лице наведено во регистрацијата на фирмата;
  5. Овластување на застапник на сметката (доколку постои) заверено на нотар;
  6. Копија од пасош на правниот застапник и овластеното лице кое ќе располага со сметката;
  7. Договор за отворање и водење сметка (образец на Банката);
  8. Потписен картон (образец на Банката).

Камата на слободните парични средства

Каматата на слободните парични средства на сметката изнесува 0,05% на годишно ниво. Каматата се пресметува и плаќа еднаш месечно