Станбен кредит

Средствата од кредитот може да се искористат за купување на нов или стар стан од физичко или правно лице, за купување на куќа со земјиште, за градење или доградба на куќа, за купување на деловен простор, како и за рефинансирање на станбен кредит од друга банка.

Доколку сакате да си обезбедите нешто од претходно наброеното, од Вас не се очекува да располагате со целата сума потребна за купување, неопходно е само да ја искористите кредитната програма “Станбен кредит” која Ви ја нуди УНИБанка.

  • Услови на програмата “Станбен кредит”
  • Провизии и надоместоци
  • Услови кои треба да ги исполнува кредитобарателот
  • Неопходни документи
  • Процедура за разгледување на Вашето кредитно барање
Износ на кредитот

 

  • До 100.000,00 ЕUR, денарски кредит со девизна клаузула, односно во висина на купопродажната цена според преддоговор за купопродажба или зголемен за уште максимум до 5.000,00 EUR, за ненаменско користење (за опремување/ доуредување на имотот).  
Номинална каматна стапка За денарски кредити со девизна клаузула:
  • 3,75% фиксна за првите 10 години и 5,75% променлива за останат период. 

Едномесечна стапка за ЕУРИБОР - просечна за периодот помеѓу две последователни утврдувања на каматните стапки (за период од 01.01.2018-30.06.2018 = -0,37%) + 6,12 п.п., но не пониска од 5,75%.


Горенаведените каматни стапки се одобруваат под услов кредитобарателот да остварува редовни месечни приливи (плати, пензии, закупнини) не пониски од 10.000,00 денари по сметката за плаќање во УНИ Банка АД Скопје.

При неисполнување на условот за редовни месечни приливи, Банката ќе изврши корекција на каматната стапка и тоа:

  • 5,00% фиксна за првите 10 години и 7,00% променлива за останат период. 

Едномесечна стапка за ЕУРИБОР - просечна за периодот помеѓу две последователни утврдувања на каматните стапки (за период од 01.01.2018-30.06.2018= -0,37%) + 7,37 п.п., но не пониска од 5,75%.

    (Годишни стапки на вкупни трошоци)
      Метод на пресметка Пропорционален
      Процент на кредитирање со банкарскиот кредит
      • до 75% од вредноста на пазарната проценка на имотот.
      Рок на враќање

       

      • До 300 месеци со можност за вклучен грејс период до 12 месеци 

       

      Начин на користење на средствата Еднократно по обезбедување на следните документи од страна на кредитобарателот:

      • Имотен лист со запишана хипотека.
      Начин на плаќање

      Со цел семејството полесно да ги планира месечните расходи, плаќањето на кредитот се врши во еднакви месечни ануитети. Дозволено е предвремено враќање на дел или целата главницата. При предвремено враќање се одбива каматата но Банката има право да наплати 5% од висината на предвремено вратениот износ на кредит при рефинансирање од друга банка, односно без провизија доколку измирувањето е од сопствени средства.

      Обезбедување
      • Хипотека на недвижен имот
      • Административни забрани за кредитобарателот и кокредитобарателот
      Рок на одговор на барањето Во рок од 5 работни дена од доставување на комплетна и уредно пополнета документација.
      Осигурување на недвижниот имот Осигурувањето на имотот е на товар на кредитобарателот.
      Проценка на недвижниот имот Само првата година проценката е на товар на кредитокорисникот, а секоја наредна год на товар на Банката.
      Провизија за разгледување и управување со кредит
      • Без провизија на одобрениот кредит
      • Без манипулативни трошоци и разгледување на кредитното барање
        Провизија за предвремено враќање
        • 0% провизија за предвремена отплата од сопствени средства
        • 5% при рефинансирање на кредит од друга банка
        Старосна граница Кредитобарателот треба да е кредитоспособно физичко лице македонски граѓанин на возраст од минимум 18 години до макисимално 70 години, вклучувајќи го периодот за отплата на кредитот.
        Неопходен доход на кредитобарател/ите
        • Месечните ануитети да не поминуваат 1/2 (една половина) од вкупните декларирани приходи на кредитобарателот и ко-кредитобарателите или да биде остварен минимум 20.000,00 денари чист остаток, по одбивање на месечните ануитети од вкупните декларирани месечни приходи, на кредитобарателот и ко-кредитобарателите.
        • Дополнителни приходи кои можат да се документираат се земаат во предвид при оценка на кредитоспособноста на клиентите по оценка на Банката.

        1.       Документи за финансиска кредитоспособност на клиентите

        • Барање за кредит;
        • Изјава за поврзани субјекти за кредитобарател и ко-кредитобарател/и;
        • Лична карта на кредитобарателот/ко-кредитобарателот;
        • Потврда за вработување и лични примања / Изјава-Согласност за ставање на административна забрана и Административна забранa на кредитобарател и ко-кредитобарател/и (по два примероци за секој кредитобарател);
        • извод од трансакциска сметка со евидентирани приливи од плата за последни 3 месеци (за клиенти вработени во приватен сектор без плата во УНИБанка);
        • Договор за работен однос односно М1/М2, само за клиенти вработени во приватни фирми (доколку е потребно);
        • Други документи за докажување на приход
        • Договори за други кредитни односи

        2. Документи за имотот

        • Лична карта од сопствениците на имотот
        • Документ за сопственост на имотот кој се става по хипотека (Имотен лист)
        • Документ за семејната состојба на сопствениците на имотот, предложен за обезбедување (извод од матична книга на венчани или извод од матична книга на родените).
          * Не е задолжително при поднесување на барањето но клиентот мора да го има за пред нотар
        • Дополнителни документи по барање на банката.

        Калкулатор за кредити
        Износ на кредитот
        Годишна каматна стапка %
        Број на рати
        Месечна рата
        *Калкулаторот е информативен.
        За точна пресметка ве молиме обратете се во најблиската експозитура