Кредит Техномаркет и Нептун

НАМЕНСКИ ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ - КРЕДИТ ТЕХНОМАРКЕТ И НЕПТУН

НАМЕНСКИ ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ - КРЕДИТ ТЕХНОМАРКЕТ И НЕПТУН

Одобрување на кредитот е за ТРИ РАБОТЕНИ ДЕНА.

Основна намена на кредитот е за купување техничка стока од продавниците на ТЕХНОМАРКЕТ.

Износ на кредитот До 150.000 мкд
Номинална каматна стапка

референтна каматна стапка објавена од НБРМ (за период од 01.01.2017 – 30.06.2017 = 3,75%) + 8%

(Годишни стапки на вкупни трошоци)

Метод на пресметка Пропорционален
Рок на враќање Од 3 до 36 месеци.
Нaчин на користење на средствата Еднократно.
Начин на плаќање Со цел семејството полесно да ги планира месечните расходи, плаќањето на кредитот се врши во еднакви месечни ануитети. Дозволено е предвремено враќање на дел од главницата или на целата главница, само ако е најмалку во износ од еден месечен ануитет.
Обезбедување

  • Меница со менични изјави
  • Административни забрани од кредитобарателот
  • До 60.000 мкд до 24 месеци рок на враќање, до двајца жиранти (со можност за БЕЗ жирант)
  • До 150.000 мкд од 25 до 36 месеци рок на враќање, до двајца жиранти
Рок на одговор на барањето

Во рамките на три работни дена.

Провизија за управување со кредитот 2% еднократна провизија на одобрениот кредит.
600,00 ден манипулативни трошоци за обработка на кредитното барање.
Провизија за предвремено враќање 0% на предвреме вратената главница
Предоговарање на условите 600,00 денари за промена на услови

Услови кои треба да ги исполнува кредитобарателот

  • Да е кредитоспособно физичко лице;
  • Да е вработено по Договор на неопределено време со документирани месечни приходи
  • Клиенти кои се вработени на определено време може да аплицираат за кредит во следниве случаи:
    - доколку рокот на кредитот истекува пред рокот на договорот за работа
    - доколку обезбедат жирант/и, вработен/и на неопределено време.
  • Клиенти професионални војници се третираат како вработени на неопределено време.
Старосна граница

Кредитобарателот треба да е кредитоспособно физичко лице македонски граѓанин.

  • За вработени лица од наполнети 18 до 64 години старост за мажи и 62 години старост за жени, вклучувајќи го периодот за отплата на кредитот;
  • За вработени лица, кои ја земаат платата преку УНИБанка, од наполнети 18 до 70 години старост, вклучувајќи го периодот за отплата на кредитот, при што задолжително треба да се обезбеди:
    -минимум еден жирант, кој треба да е вработено лице од наполнети 18 до 64 години старост за мажи и 62 години старост за жени, вклучувајќи го периодот за отплата на кредитот и
    -изјава потпишана од кредитобарателот за задолжително примање на пензијата во УНИБанка.
Неопходен доход на кредитокорисникот

 

  1. Минимален нето доход од 10.000 МКД без вклучени дополнителни примања;
  2. Месечните задршки по основ: 
    - рати од кредити да не поминуваат 50% од декларираниот месечен доход (приходите) и 
    - рати од кредити, рати од кредитни картички (5% од искористен лимит согласно информација од последен кредитен регистар) и рати од дозволено пречекорување (месечна камата, пресметана со највисоката законски дозволена каматна стапка во моментот на анализа, од искористен лимит согласно информација од последен кредитен регистар), да не поминуваат 75% од декларираниот месечен доход (приходите).
  3. Месечните задршки по основ: 
    - рати од кредити да не поминуваат 60% од декларираниот месечен доход (приходите) и 
    - рати од кредити, рати од кредитни картички (5% од искористен лимит согласно информација од последен кредитен регистар) и рати од дозволено пречекорување (месечна камата, пресметана со највисоката законски дозволена каматна стапка во моментот на анализа, од искористен лимит согласно информација од последен кредитен регистар), да не поминуваат 80% од декларираниот месечен доход (приходите) за клиенти вработени во МО и МВР, кои земаат плата во УНИБанка.
  4. Дополнителни приходи кои можат да се документираат се земаат во предвид при оценка на кредитоспособноста на клиентот по оценка на Банката. 

Неопходни документи

 


 

 

 


Калкулатор за кредити
Износ на кредитот
Годишна каматна стапка %
Број на рати
Месечна рата
*Калкулаторот е информативен.
За точна пресметка ве молиме обратете се во најблиската експозитура