Дозволено пречекорување

ДОЗВОЛЕНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ ПО СМЕТКИ

 

Дозволено пречекорување, е вид на кредитна линија по која корисникот може повеќекратно да користи средства до определен кредитен лимит, кој му се става на располагање во износ поголем од тековната состојба. Дозволеното пречекорување дава можност во рамките на определен договорен рок, вратениот дел на средства да се користи повторно.
Корисник на дозволено пречекорување на трансакциска сметка може да биде секој граѓанин на Република Македонија, вработен на неопределено или определено време или пензионер, кој својата плата/пензија ја прима на трансакциска сметка во УНИБанка.
Одговор на Вашето барање за дозволено пречекорување ќе добиете за само 1 работен ден, по доставување на комплетната потребна документација.
Користењето на дозволеното пречекорување е едноставно, преку единствената трансакциска сметка, на која ќе пристигнуваат Вашите месечните приходи и која може да се користи за сите видови финансиски трансакции, како и преку дебитните картички од двата водечки бренда, Maestro и Visa Electron, кои се поврзани со истата сметка.


Износ
  • За вработени во Јавна администрација и АД-до 3 (три) месечни нето-плати кои пристигнуваат на сметка во Банката
  • За вработени во приватен сектор-до 2 (две) месечни нето-плати кои пристигнуваат на сметка во Банката
  • За пензионери-до 1 (една) месечна пензија која пристигнува на сметка во Банката
Каматна стапка

  • 11,25% на годишно ниво
Метод на пресметка Пропорционален
Рок на враќање 12 месеци со можност за продолжување.
Нaчин на користење на средствата Преку дебитни картички Maestrо и Visa Electron како и преку сите инструменти за плаќање кои ги одобрува и ги пропишува банката, а по обезбедување на бараните средства.
Обезбедување

1) Договор за одобрување дозволено пречекорување.
2) Меница од 100, 200 или 500 денари, согласно износот на дозволеното пречекорување, со менична изјава од кредитокорисникот кој ја авалира меницата на датумот на одобрување, за износот на целото дозволено пречекорување во корист на Банката.
3) Согласност за административна забрана на плата.
4) За баратели вработени на определно време, треба да се обезбеди авалист-работоспособно лице.

Рок на одговор на барањето Во рок до 1 работен ден, од доставување на комплетна и уредно потполнета документација.
Административни трошоци за разгледување и обработка на барањето БЕЗ трошоци
Надомест за одобрување на дозволеното пречекорување Трошок за меница (номинална цена)
Предоговарање на условите 300,00 денари

За овој кредит може да аплицира секој граѓанин кој истовремено ги исполнува следните услови:
1) Да е кредитоспособно вработено физичко лице, на возраст од минимум 18 години, до максимално 64 години за мажи и 62 години за жени, во кои влегуваат навршените години на старост и периодот на дозволеното пречекорување.
2) Да е пензионер на возраст до максимално 75 години, во кои влегуваат навршените години на старост и периодот на дозволеното пречекорување.
3) Да прима плата/пензија преку сметка во УНИБанка.

1) Aпликацијата за дозволено пречекорување
2) Потврда за редовен работен однос (образец на УНИБанка)
3) Потврда за плата (образец на УНИБанка)