ИНТЕРВЈУ СТАНКОВСКИ: УНИБанка започна трговија со инвестициско злато
УНИБанка е прва банка на македонскиот пазар која ја воведе услугата увоз и тргување со инвестицискo злато, што вклучува тргување со златни плочки и монети со највисока чистота, креирајќи уште еден нов епитет кој покрај веќе постојните ќе ја направи препознатлива со епитетот * the bank of gold*, вели во интервју за Фактор, Ѕвонко Станковски, директор на Дирекција за трезор во Уни Банка. Дециден е дека нивната цел е да се создаде инветициски амбиент кај постојните и новите клиенти со запознавање со предностите од инвестирање во инвестициско злато и движење на цените на благородните метали на светските берзи и тоа од високо едуциран и професионален персонал на банката, кои се спремни да понудат специјализирани услуги првенствено за инвестирање во инвестициско злато.