“3D Secure“ технологија за сигурни и безбедни интернет плаќања со картички

УНИБанка АД Скопје од 2ри септември 2019 година започна со примена на “3D Secure“ технологија  на картички, со која им овозможува на своите клиенти корисници на дебитни и кредитни картички од  Mastercard и Visa брендот највисоко ниво на сигурност и безбедност при интернет плаќања со картичка.

3D Secure“ технологијата, преку програмите Mastercard SecureCode за Mastercard картички и Visa Secure/Verified by Visa за Visa картички, со испраќање на СМС порака со ОТП (One Time Password) овозможува проверка на идентитетот на корисникот на картичката, односно проверка дали вистинскиот корисник на картичка ја користи картичката при интернет плаќања. При тоа, не се менува начинот на плаќање, додаден е само уште еден чекор со кој се зголемува безбедноста на интернет плаќањата и се овозможува дополнителна сигурност и контрола.

Покрај стандардните податоци кои се бараат при плаќање на интернет – број и рок на важење на картичка, име и презиме на корисникот на картичката и CVC/CVV2 код, кај трговци кои учествуваат во програмите за сигурност Mastercard SecureCode и Visa Secure/Verified by Visa, ќе биде побарано внесување на ОТП лозинка.


Што претставува OТП лозинка?

ОТП (One Time Password) е еднократна лозинка која се добива преку СМС порака на мобилен телефонски број регистриран во банката и е валиден само за конкретната трансакција. Оваа лозинка се внесува при извршување на интернет трансакција кај трговци кои учествуваат во програмите Mastercard SecureCode и Visa Secure/Verified by Visa. За непречено извршување на трансакцијата, неопходно е мобилниот телефонски број да биде ажуриран во банката, бидејќи ОТП лозинката ќе биде испратена на оној број кој до тој момент е регистриран во банката.

За ажурирање на мобилниот телефонски број потребно е корисникот  на картичка да се обрати во било која експозитура на УНИБанка АД Скопје.


Дали за секоја интернет трансакција ќе биде испратена ОТП лозинка?

ОТП лозинка се испраќа при извршување на трансакции само кај трговци кои учествуваат во програмите Mastercard SecureCode и Visa Secure/Verified by Visa, со исклучок на трансакции за кои банката, преку користење на најсовремените методи и технологии, ќе оцени/утврди дека се со низок ризик за злоупотреба.

Трговците кои ги исполнуваат стандардите на програмите Mastercard SecureCode и Visa Secure/Verified by Visa може да се препознаат по логоата кои се наведени на веб страната:


Дали е потребна регистрација за “3D Secure“ технологијата и дали има надомест за нејзино користење?

Оваа технологија е бесплатна за сите корисници на картички издадени од УНИБанка АД Скопје и за нејзино користење не е потребна регистрација. Сите дебитни и кредитни картички од Mastercard и Visa брендот, издадени од УНИБанка АД Скопје се автоматски регистрирани во програмите Mastercard SecureCode и Visa Secure/Verified by Visa, без надомест.


Како се одвива трансакција кај Mastercard SecureCode и Visa Secure/Verified by Visa трговци?

По внесување на податоците за бројот на картичка, рок на важење на картичка, име и презиме на корисник на картичка и CVC/CVV2 код, се појавува нов прозорец во кој треба да се внесе добиената ОТП лозинка:

*Доколку плаќањето е со Mastercard картичка

*Доколку плаќањето е со Visa картичка

Во рок од неколку секунди корисникот на картичката преку СМС порака добива ОТП лозинка, истата треба да ја внесе во полето за еднократна лозника и да притисне на полето  Продолжи за понатамошно процесирање на трансакцијата.