БЕСКОНТАКТНО ПЛАЌАЊЕ

Добредојдовте во иднината!

 УНИБанка ја воведе бесконтактната технологија во плаќањето со MasterCard и Visa картички

Бесконтактната технологија е најнова технологија која Ви дозволува да плаќате едноставно, брзо и сигурно, без внесување на ПИН за ниски износи (најчесто до 750 ден.), на сите продажни места во земјата или странство, каде на ПОС терминалот има ознака за бесконтактно плаќање.


КАКО СЕ ИЗВРШУВА БЕСКОНТАКТНО ПЛАЌАЊЕ?

 

Побарајте ја ознаката за бесконтактно плаќање.
За бесконтактно плаќање потребно е ознаката за бесконтактно плаќање да се наоѓа и на Вашата картичка и на терминалот на кој вршите плаќање, независно од која банка е терминалот и дали сте во земјата или во странство. Доколку терминалот ја нема наведената ознака, трансакцијата се извршува вообичаено, со читање на чипот или магнетната лента.

Доближете ја Вашата бесконтактна картичка до ПОС терминалот на растојание помало од 5 mm или едноставно допрете ја на терминалот. Во Р. Македонија, за бесконтактни плаќања нема да Ви биде побарано да внесете ПИН за износи до 750 ден. (овој износ може да варира до 1.100 ден. зависно од брендот на картичката и продажното место). За плаќања над овие износи  ќе Ви биде побаран и ПИН код.
Надвор од Р. Македонија, износот за бесконтактното плаќање без внесување на ПИН код може да се разликува.

Почекајте го звучниот сигнал или зеленото светло на ПОС терминалот кои означуваат дека трансакцијата е процесирана.

На терминалот ќе добиете порака “ОДОБРЕНО” доколку трансакцијата е успешна и ќе добиете слип за успешната трансакција. Слипот за бесконтактна трансакција не се разликува од останатите. Во изводот од сметката и извештаите, трансакцијата која е реализирана со бесконтактна картичка не се разликува од останатите.


СИГУРНОСТА Е ПРИОРИТЕТ

  1. Дали е безбедно? - Чувствувајте се спокојно кога ја користите бесконтактната картичка. Плаќањето со бесконтактната картичка се одвива со сите безбедносни стандарди како и кај останатите картички (чип и ПИН код). Бесконтактните картички користат EMV чип технологија, која преку користење на клучеви и енкрипција на податоците, обезбедува заштита на податоците и безбедност на трансакцијата. За време на процесот на плаќање картичката е во Вашите раце (никој не може да ги види Вашите податоци, не може да ги ископира или слика). 

  2. Дали веројатноста за повеќекратно задолжување за иста трансакција е поголема? -  Дури и да ја доближите картичката повеќе пати до ПОС терминалот, плаќањето ќе биде извршено само еднаш. За секоја нова трансакција продавачот треба повторно да го започне процесот за извршување на трансакција, повторно да внесе износ итн. Не постои можност за двојно задолжување за купените продукти со доближување на картичката повеќе пати.

  3.  Дали може минувајќи покрај терминал за бесконтактно плаќање да извршите трансакција? – Не. За да се изврши трансакцијата, продавачот треба да иницира трансакција, односно да го внесе износот кој треба да се плати, картичката треба да биде на оддалеченост помала од  5 mm и да се држи на таа дистанца подолго од половина секунда.

  4. Во случај на изгубена картичка? - Како и кај останатите картички, во случај на изгубена/украдена картичка, потребно е веднаш да ја блокирате картичката со јавување во дежурниот центар 24/7 на 02/3293-888. Следете ги препораките на банката за безбедност и активирајте ја услугата УНИСМС со која добивате нотификации веднаш по извршувањето на трансакцијата.

  5. Што во случај на две или повеќе бесконтактни картички една до друга? – Трансакцијата ќе се случи само еднаш со една од картичките или нема да се реализира трансакција. Доколку поседувате повеќе бесконтактни картички, најдобро е да ја извадите картичката со која сакате да извршите плаќање и истата да ја приближите кон терминалот за да извршите трансакција, а не да го приближувате целиот паричник.

ЗОШТО БЕСКОНТАКТНИ КАРТИЧКИ?

    1. Брзина на плаќањето;
    2. Заштеда на време за плаќање на помали износи;
    3. Нема чекање и пребројување на кусурот;
    4. Едноставност – побарајте знак, доближете картичка и платете;
    5. Поголема сигурност - картичката е постојано во Вашите раце;
    6. Подобра евиденција на плаќањата.