Примарен пазар на Државни хартии од Вредност

Уни Банка А.Д. Скопје како овластен директен учесник на аукциите на државни записи и обврзници, им дава можност на правните и физичките лица за индиректно учество на примарниот пазар на државни хартии од вредност.

За исплатата на обврските што произлегуваат од инвестирањето во државни хартии од вредност гарантира Република Македонија.

Државните Хартии од Вредност  претставуваат должнички хартии  што ги издава Министерството за Финансии на РМ. Државните хартии од вредност можат да бидат со и без валутна клаузула.  Државни записи се краткорочни хартии од вредност со рок на доспевање до 1 година, додека Државните обврзници се долгорочни хартии од вредност со рок на доспевање над 1 година.

Заинтересираните за учество на аукциите на државни хартии од вредност со Банката склучуваат Договор за комисионо работење со кој ги регулираат на правата и обврските при посредување во купување на истите, при што Банката наплатува провизија согласно тарифата на Банката.

Потребни документи:

Корисни линкови: