Кредит со солемнизација на договор

Износ на кредитот До 900.000,00 мкд
Каматна стапка
  • За вработени во Јавна Администрација со плата во УНИБанка 7.90% променлива
  • За вработени во Јавна Администрација и АД без плата во УНИБанка 9.90% променлива
  • За вработени во приватен сектор со плата во УНИБанка 10.50% променлива
(Годишни стапки на вкупни трошоци)
    Метод на пресметка Пропорционален
    Рок на враќање До 95 месеци
    Начин на користење на средствата Еднократно
    Начин на плаќање Со цел семејството полесно да ги планира месечните расходи, плаќањето на кредитот се врши во еднакви месечни ануитети.
    Обезбедување
    • Административна забрана за кредитобарателот;
    • Солемнизација на договор за кредит;
    • Минимум еден гарант;
    • Кредитобарателот или гарантот да поседуваат недвижен имот.
    Надомест за одобрување на кредитот
    • 2% еднократен надомест на одобрениот кредит
    • 600,00 денари административен трошок за разгледување и обработка на кредитното барање
    Надомест за предвремено враќање 0% на предвреме вратената главница
    Предоговарање на условите 600,00 денари за промена на услови

     

    За овој кредит може да аплицира секој македонски граѓанин кој истовремено ги исполнува следните услови:

    • Да е кредитоспособно физичко лице
    • Да е вработено по Договор на неопределено време со документирани месечни приходи
    • Клиенти кои се вработени на определено време може да аплицираат за кредит доколку рокот на кредитот истекува пред рокот на договорот за работа
    • Клиенти професионални војници се третираат како вработени на неопределено време.
    Старосна граница

    За вработени лица од наполнети 18 до 64 години старост за мажи и 62 години старост за жени, вклучувајќи го периодот за отплата на кредитот;

    Неопходен доход на кредитокорисникот
    • Минимален нето доход од 18.000,00 МКД без вклучени дополнителни примања;
    • Месечните задршки по основ:
      - рати од кредити да не поминуваат 50% од декларираниот месечен доход (приходите) и
      - рати од кредити, рати од кредитни картички (5% од искористен лимит согласно информација од последен кредитен регистар) и рати од дозволено пречекорување (месечна камата, пресметана со највисоката законски дозволена каматна стапка во моментот на анализа, од искористен лимит согласно информација од последен кредитен регистар), да не поминуваат 75% од декларираниот месечен доход (приходите).
    • Месечните задршки по основ:
      - рати од кредити да не поминуваат 60% од декларираниот месечен доход (приходите) и
      - рати од кредити, рати од кредитни картички (5% од искористен лимит согласно информација од последен кредитен регистар) и рати од дозволено пречекорување (месечна камата, пресметана со највисоката законски дозволена каматна стапка во моментот на анализа, од искористен лимит согласно информација од последен кредитен регистар), да не поминуваат 80% од декларираниот месечен доход (приходите) за клиенти вработени во МО и МВР, кои земаат плата во УНИБанка.
    • Дополнителни приходи кои можат да се документираат се земаат во предвид при оценка на кредитоспособноста на клиентот по оценка на Банката