Податоци за Банката

Објавено на 13.05.2008
Ажурирано на 29.07.2016

Назив Универзална Инвестициона Банка АД Скопје
Седиште ул. Максим Горки бр.6
ЕМБ 4646088
Број на вработени

389 (заклучно со 30.06.2016)

преглед на финансиските активности кои Банката може да ги врши, согласно со дозволата за основање и работење издадена од Гувернерот на НБРМ
1.
Прибирање на депозити и други повратни извори на средства
2.
Кредитирање во земјата, вклучувајќи и факторинг и финансирање на комерцијални трансакции
3.
Кредитирање во странство, вклучувајќи и факторинг и финансирање на комерцијални трансакции
4.
Издавање и администрирање на платежни средства (парични картички, чекови, патнички чекови, меница)
5.
Финансиски лизинг
6.
Менувачки работи
7.
Платен промет во земјата и странство, вклучувајќи купопродажба на девизи
8.
Брз трансфер на пари
9.
Издавање на платежни гаранции, авали и други форми на обезбедување
10.
Изнајмување сефови, остава и депо
11.
Тргување со инструменти на пазарот на пари (меници, чекови, сертификати за депозит)
12.
Тргување со девизни средства, што вклучува и тргување со благородни метали
13.
Тргување со хартии од вредност
14.
Посредување во продажба на полиси за осигурување
15.
Посредување во склучување на договори за кредити и заеми
16.
Обработка и анализа на информации за кредитна способност на правни лица
17.
Економски-финансиски консалтинг
 
преглед на финансиските активности кои Банката во моментот ги врши
1.
Прибирање на депозити и други повратни извори на средства
2.
Кредитирање во земјата, вклучувајќи и факторинг и финансирање на комерцијални трансакции
3.
Кредитирање во странство, вклучувајќи и факторинг и финансирање на комерцијални трансакции
4.
Издавање и администрирање на платежни средства (парични картички, чекови, патнички чекови, меница)
5.
Менувачки работи
6.
Платен промет во земјата и странство, вклучувајќи купопродажба на девизи
7.
Брз трансфер на пари
8.
Издавање на платежни гаранции, авали и други форми на обезбедување
9.
Изнајмување сефови, остава и депо
10.
Тргување со девизни средства, што вклучува и тргување со благородни метали
11.
Тргување со хартии од вредност
 
преглед на финансиските активности за кои, од страна на гувернерот на НБРМ е изречена забрана или ограничување за нивно вршење.
Акционери со квалификувано учество:
Цеко Тодоров Минев
Адреса: Доспат 20 ВТ.2, Софија Бугарија
Акции кои акционерот ги поседува во Банката: 198.994 обични акции, што претставува 36,45% од вкупниот број обични акции.
Ивајло Димитров Мутафчиев
Адреса: Крушеска Градина 28, Софија Бугарија
Акции кои акционерот ги поседува во Банката: 198.994 обични акции, што претставува 36,45% од вкупниот број обични акции.
Износ на запишан капитал: 545.987.000,00 денари
Акционери кои немаат квалификувано учество:
Вкупен број акционери кои немаат квалификувано учество во банката: 350
Вкупен број на обични акции кои ги поседуваат акционери кои немаат квалификувано учество: 147.999 обични акции
Нивно вкупно учество во вкупниот број акции: 27,10%
Структура на акционерскиот капитал на Универзална Инвестициона Банка а.д. Скопје според видот на акциите:
- Вкупен број на обични акции: 545.987
Номинален износ на акциите: 1.000,00 денари
Износ на СС 1,301,214 илјади ден
Адекватност на к-л 30.06.2016 14,49%
висината на капиталот потребен за покривање на кредитниот ризик -30.06.2016

Вкупен капитал потребен за покривање на кредитниот ризик изнесува 603.577 илјади ден.

Капитал потребен за покривање на кредитниот ризик за билансните ставки 583.126 илјади ден.

Капитал потребен за покривање на кредитниот ризик за вонбилансните ставки 20.451 илјади ден.

висината на капиталот потребен за покривање на валутниот ризик - 30.06.2016 18.013 илјади ден.
висината на капиталот потребен за покривање на пазарниот ризик - 30.06.2016 Банката не го надминува ограничувањето по точка 30 од Одлуката за методологијата за утврдување на адекватност на капиталот (Сл.весник бр. 47/2012), и нема обврска да издвојува капитал потребен за покривање на пазарни ризици
висината на капиталот потребен за покривање на ризикот од промена на цената на стоките - 30.06.2016 /
висината на капиталот потребен за покривање на надминувањето на лимитите на изложеност - 30.06.2016 /
висината на капиталот потребен за покривање на оперативниот ризик - 30.06.2016 96.708 илјади ден.
ПОДАТОЦИ ЗА ПРОЦЕСОТ НА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИТЕ - 31.12.2015
ПОДАТОЦИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРЕДИТНИОТ РИЗИК
Износот на преструктурираните побарувања, согласно со Одлуката за супервизорските стандарди за регулирање на достасаните, а ненаплатени побарувања на банките. 7.691 илјади ден. 
ПОДАТОЦИ ЗА РИЗИКОТ КОЈ ПРОИЗЛЕГУВА ОД КАПИТАЛНИТЕ ВЛОЖУВАЊА (СТЕКНУВАЊЕ КАПИТАЛНИ ДЕЛОВИ), КОИ НЕ СЕ ДЕЛ ОД ПОРТФОЛИОТО ЗА ТРГУВАЊЕ - 31.12.2015
Краток опис на стратегијата на Банката за стекнување капитални делови во други правни лица. Банката има капитални вложувања во небанкарски финансиски институции  кои претставуваат околу 2% од сопствените средства на Банката.
Согласно со политиката на Банката капиталните вложувања во небанкарска финансиска институција или во нефинансиска институција се класифицирани како вложувања расположливи за продажба. Согласно Деловната и Развојна Политика на Банката не е предвидено зголемување на капиталните вложувања на Банката во наредниот период. За да се овозможи навремено и точно следење на изложеноста, во случај на промена на износот на капиталното вложување или зголемување на капиталните вложувања, Дирекцијата Управување со ризици и Службата за контрола на усогласеност со прописите даваат мислење за ефектите од вложувањето и усогласеност со поставените лимити. Согласно Деловната и Развојана Политика на Банката не се предвидени купување или изградба на деловни објекти за потребите на Банката. Одлуката за инвестирање во недвижности ја донесуваат Надзорниот и Управниот Одбор на Банката, при што Дирекцијата Управување со ризици дава мислење за ефектот на вложување во недвижности и следењето на лимитот поставени од НБРМ.
Краток опис на политиката на Банката за сметководствено вреднување на капиталните вложувања. Капиталните вложувања во билансот на банката се класифицирани како расположливи за продажба. Тие се прикажуваат според нивната објективна вредност, со исклучок на капиталните вложувања кои немаат котирана пазарна цена и се мерат по набавна вредност намалена за загубите поради оштетување. Добивките или загубите од повторното мерење според објективната вредност се јавуваат како разлика помеѓу амортизираната набавна вредност  и тековната објективна вредност на средството и се вклучуваат директно во капиталот и резервите, во позицијата Ревалоризациски резерви-Разлики од вреднување на средствата расположливи за продажба. Во управувањето со ризикот од капиталните вложувања Банката ги следи лимитите дадени во Законот за банки.
Износот на капиталните вложувања и нивната кла-сификација според видот,  кои се предмет на тргување на Македонска Берза.

Состојбата на капитални вложувања кои се предмет на тргување на Македонска Берза,се состои од влогови кај следниве правни лица:

  • Клириншка Куќа - Клириншки Интербанкарски систем АД: 6.730 илјади ден.
  • Централен Депозитар на хартии од вредност :  1.109 илјади ден.
  • ТТК Банка АД Скопје :  1.006 илјади ден.
  • Македонска Берза на долгорочни хартии од вредност : 5.486 илјади ден.
Секторската структура на капиталните вложувања (капитални вложувања во банки, други финансиски институции, нефинансиски институции, нерезиденти.

Капитални вложувања во други финансиски институции:

  • Клириншка Куќа - Клириншки Интербанкарски систем АД
  • Централен Депозитар на хартии од вредност
  • ТТК Банка АД Скопје
  • Македонска Берза на долгорочни хартии од вредност  
Кумулативниот износ на реализираните добивки (загуби) кои произлегуваат од отуѓувањето на вложувањата во текот на периодот за кој се објавува. нема
Вкупниот износ на нереализираните добивки (загуби) од капиталните вложувања. нема