Кредит за ВИП клиенти

Износ на кредитот До 1.200.000,00 денари
Каматна стапка
  • 5,9% фиксна за првата година,
  • 7,9% променлива за останатиот период
Едномесечна стапка за СКИБОР - просечна за периодот помеѓу две последователни утврдувања на каматните стапки (за период од 01.07.2017-31.12.2017=1,54%) + 6,36 п.п., но не пониска од 7,70%

(Годишни стапки на вкупни трошоци)

    Метод на пресметка Пропорционален
    Рок на враќање До 95 месеци
    Начин на користење на средствата Еднократно
    Начин на плаќање Со цел семејството полесно да ги планира месечните расходи, плаќањето на кредитот се врши во еднакви месечни ануитети.
    Обезбедување

    Aдминистративна забрана и меница со менична изјава од кредитокорисникот.

    • До 600.000 мкд, до 95 месеци, без жирант
    • До 1.200.000 мкд, до 95 месеци, со еден жирант
    Надомест за одобрување на кредитот
    • 1% надомест за одобрување на пласман
    • 300,00 денари административен трошок за разгледување и обработка на кредитното барање
    Надомест за предвремено враќање 0% на предвреме вратената главница
    Предоговарање на условите 600,00 денари за промена на услови

     

    За овој кредит може да аплицира секој граѓанин кој истовремено ги исполнува следните услови:

    • Да е кредитоспособно физичко лице македонски граѓанин;
    • Да е вработено по Договор на неопределено време со документирани месечни приходи;
    • Клиенти кои се вработени на определено време може да аплицираат за кредит во следниве случаи:
      - доколку рокот на кредитот истекува пред рокот на договорот за работа
      - доколку обезбедат жирант/и, вработен/и на неопределено време
    • Редовен работен однос на неопределено/определено време од минимум 12 месеци во континуитет во иста институција ;
    • Да ја зема платата преку Банката;
    • Клиентот да не е кредитно задолжен или со изложеноста да не биде во полоша од Б категорија во банкарскиот систем;
    • Клиенти професионални војници се третираат како вработени на неопределено време.
    Старосна граница
    • За вработени лица од наполнети 18 до 64 години старост за мажи и 62 години старост за жени, вклучувајќи го периодот за отплата на кредитот;
    • За вработени лица, кои ја земаат платата преку УНИБанка, од наполнети 18 до 70 години старост, вклучувајќи го периодот за отплата на кредитот, при што задолжително треба да се обезбеди:
      -минимум еден жирант, кој треба да е вработено лице од наполнети 18 до 64 години старост за мажи и 62 години старост за жени, вклучувајќи го периодот за отплата на кредитот и
      -изјава потпишана од кредитобарателот за задолжително примање на пензијата во УНИБанка.
    Неопходен доход на кредитокорисникот
    1. Висина на нето месечните примања (евидентирани приливи на сметка по различни основи) над 40.000,00 мкд;
    2. Месечните задршки по основ:
      - рати од кредити да не поминуваат 50% од декларираниот месечен доход (приходите) и
      - рати од кредити, рати од кредитни картички (5% од искористен лимит согласно информација од последен кредитен регистар) и рати од дозволено пречекорување (месечна камата, пресметана со највисоката законски дозволена каматна стапка во моментот на анализа, од искористен лимит согласно информација од последен кредитен регистар), да не поминуваат 75% од декларираниот месечен доход (приходите).
    3. Месечните задршки по основ:
      - рати од кредити да не поминуваат 60% од декларираниот месечен доход (приходите) и
      - рати од кредити, рати од кредитни картички (5% од искористен лимит согласно информација од последен кредитен регистар) и рати од дозволено пречекорување (месечна камата, пресметана со највисоката законски дозволена каматна стапка во моментот на анализа, од искористен лимит согласно информација од последен кредитен регистар), да не поминуваат 80% од декларираниот месечен доход (приходите) за клиенти вработени во МО и МВР, кои земаат плата во УНИБанка.
    4. Дополнителни приходи кои можат да се документираат се земаат во предвид при оценка на кредитоспособноста на клиентот по оценка на Банката

     

     

     


    Калкулатор за кредити
    Износ на кредитот
    Годишна каматна стапка %
    Број на рати
    Месечна рата
    *Калкулаторот е информативен.
    За точна пресметка ве молиме обратете се во најблиската експозитура