Менаџмент

Управен Одбор

Претседател:
Коста Митровски
Членови:
Делчо Крстев
  Владислав Хаџидинев

Коста Митровски


Главен Извршен директор (CEO)
и Претседател на Управниот одбор

Г-дин Коста Митровски започнува со работа во " Универзална Инвестициона Банка " АД Скопје - УНИБанка во 2003 година како Директор на мрежа на експозитури. Од 2004 година ја извршува должноста Генерален Директор на УНИБанка а од 2008 година до 2016 година е именуван за Извршен Директор и Претседател на Управен одбор на УНИБанка.

Со новата Организациона структура во Мај 2016 година г-дин Коста Митровски е избран и именуван за Главен извршен директор (CEO) и претседател на Управниот одбор на УНИБанка.

Г-дин Коста Митровски одговорноста во Банката ја има за рзботењето на  – Дирекцијата Правни работи, Дирекција СКУП и СПП и ФТ, Дирекција Човечки ресурси, Дирекција Мрежа на Експозитури, Дирекција Маркетинг и реклама и ОЈ и Дирекција Небанкарски дејности.

Пред да се приклучи на " Универзална Инвестициона Банка " АД, г-дин Митровски  беше дел од Транспортшпед Скопје извршувајќи ја функцијата на Генерален и финансиски директор, истата функција во периодот од 1996 -1999 ја извршуваше и во Kine Nagel-Скопје,  Фершпед Скопје - Раководител на одделение за камионски и ферибодски транспорт , Македонија Инвест-Либија каде ја извршува функцијата Директор на комерцијални и царински работи, додека првото искуство го има во ”Бетон”- Скопје како Шеф на сектор за работа со странство-градежно.

Покрај својата позиција во Банката г-дин Митровски во март  2016 год е избран за нов претседател на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија.

Во 2013 година г-дин Митровски е награден со престижната награда од Оксфорд, Англија, за менаџер на годината, а воедно Европската Бизнис Асамблеа на церемонијата која што се одржа на 19-ти декември во областа за финасиски услуги и го додели признанието на УНИБанка за најдобра Банка на годината. Ова престижно признание се доделува на основа на следниве критериуми: Стабилна позиција на пазарот, Високи квалификации на вработените, Бизнис репутација, Позитивен имиџ во регионот Атрактивност на инвестииции и Конкурентност.


Делчо Крстев


Главен директор за кредитирање (CLO),
Член на Управниот одбор
и Извршен директор

Г-дин Делчо Крстев започнува со работа во  " Универзална Инвестициона Банка " АД Скопје –УНИБанка во 2003 година како Директор на Дирекција за корпоративно кредитирање.
Г-дин Крстев во 2008 година е именуван за Извршен директор и Член на Управен одбор на УНИБанка АД Скопје и оваа функција ја извршува се до 2016 годаина.

Со новата Организациона структура во Мај 2016 година г-дин Крстев е избран и именуван  за Главен директор за кредитирање,  Член на Управниот одбор  и Извршен директор.

Г-дин Делчо Крстев одговорноста во Банката ја има за рзботењето на  – Дирекција Корпоративно кредитирање (фирми), Дирекција Кредитирање на мало (население), Дирекција Картично работење како и Дирекција Платен систем.

Пред да се приклучи на Банката, г-дин Делчо Крстев работи како Кредитен инспектор во Прва Инвестициона Банка АД Софија.

Г-дин Крстев не зазема други позиции освен позициите во Банката.


Владислав Хаџидинев


Главен директор за финансии (CFO),
Член на Управниот одбор
и Извршен директор

Г-дин Владислав Хаџидинев и се приклучува на Банката во 2015 година како Извршен директор и Член на Управен одбор на УНИБанка АД Скопје, а со  новата Организациона структура во Мај 2016 година Хаџидинев е избран и именуван  за Главен директор за финансии, Член на Управниот одбор и Извршен директор

Пред тоа г-дин Хаџидинев  беше дел од Прва Инвестициона Банка АД Софија,  Бугарска Народна Банка и Адви Корп во Лондон. Во неговата кариера има работно искуство во Приватното Банкарство, Управување со инвестициско портфолио и трговија со хартии од вредност.

Г-дин Владислав Хаџидинев одговорноста во Банката ја има за рзботењето на:
Дирекција Управување со ризик, Дирекција Управување со проблематични пласмани, Служба Рекламации, Дирекција Финансии и сметковотсво, Дирекција Информатички технологии, Дирекција Кредитна администрација и ДирекцијаТрежери дилинг и хартии од вредност.

Г-дин Хаџидинев  не зазема други позиции освен позициите во Банката.


Надзорен Одбор

Претседател:
Светослав Стојанов Молдовански
Заменик Претседател: Маја Иванова Ојфалош
Членови: Јанко Ангелов Караколев
  Милка Димитрова Тодорова
Пеце Недановски
Николај Сергеевич Драгомирецки
 
 
   

Светослав Стојанов Молдовански

Прва Инвестициона Банка, Софија, Бугарија

- Член на Управен Одбор |Март 2011- |
- Директор на операции |Март 2008-Февруари 2011|
- Директор на Специјална служба “Внатрешна Контрола” |Октомври 2005-Април 2007|

Прва Инвестициона Банка-Албанија

- Член на Управен Одбор |Април 2007- |
- Извршен Директор |Април 2007-Март 2008|

КПМГ Бугарија

- Менаџер, Управување со Корпоративен Ризик |Април 2003-Септември 2005|

КПМГ Лондон и Ливерпул

- Менаџер, Управување со Корпоративен Ризик |Април 2003-Септември 2005|

Делоит и Туш, Софија, Бугарија

- Постар Ревизор |2000-2003|
- Главен брокер |1997-2000|

Савимекс ООД, Софија, Бугарија

- Раководител, Бек офис |1997-1998|

Стројко 2000, Софија, Бугарија

- Главен сметководител |1994-1997|


Маја Иванова Ојфалош

Прва Инвестициона Банка, Софија, Бугарија

- Извршен Директор |aприл 2013- до моментот)

Прва Инвестициона Банка АД, Софија, Бугарија

- Член на Управен одбор (октомври 2004 - до моментот)

- Директор на дирекција "Управување со портфолија
на прекугранични филијали и друштва" (март 2011 до моментот)

Прва Инвестициона Банка АД, Софија, Бугарија

- Директор на дирекција " Корпоративно банкарство" (2004-2011)

- Директор на дирекција "Анализа на корпоративни кредити" (2003-2004)

- Директор на дирекција "Проучување на кредитна анализа" (2002-2003)

Прва Инвестициона Банка АД, Софија, Бугарија

- Началник на одделение "Кредитирање" (1998-2002)

- Кредитен инспектор (1993-1998)

Прва западна финансиска куќа АД, Софија, Бугарија

- Директор на дирекција |мај 1993-ноември 1993|

Прва приватна банка АД, Софија, Бугарија

- Кредитен инспектор |1992-1993|

 


Јанко Ангелов Караколев

Прва Инвестициона Банка, Софија Бугарија

- Главен финансов директор и директор на дирекција за сметководство |Март 2011- |
- Заменик директор на дирекција за сметководство |Јануари 2007-Февруари 2011|
- Заменик главен сметководител |Април 2003-Јануари 2007|
- Раководител на оддел за финансиски отчет, анализи и буџет |Јули 2002-Април 2003|
- Директор на ИТ дирекција |Ноември 2001-Јули 2002|
- Сметководител-Контролор |Април 1999-Ноември 2001|

Бугарска Трговска Индустриска Банка

- Сметководител |Јули 1995-Јули 1998|


    Милка Димитрова Тодорова

    Прва Инвестициона Банка, Софија Бугарија

    - Банкарство на мало |2007- |
    - Заменик директор на дирекција корпоративно банкарство |2002-2007|
    - Кредитен експерт во дирекција корпоративно банкарство |1995-2002|

    Комерцијална Банка Биочим, Софија, Бугарија

    - Кредитен експерт во дирекција корпоративно банкарство |1991-1995|

    Национална Банка на Република Бугарија

    - Сметководител |1987-1991|


    Д-р Пеце Недановски

    - Член на Надзорен одбор на УНИБанка, Скопје, од  декември 2007 год.
    - Про -Ректор за Финансии, инвестиции и развој од 2008 год.  до денес  при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”,
    - Продекан за настава на Економскиот факултет во Скопје за периодот од 2005 год. - 2009 год.
    - Доцент на Економскиот факултет во Скопје во 2004 год.,
    - Вонреден професор по Управување со животна средина/”Економија на животната средина и Применета економија на пост-дипломски студии” на Економскиот факултет, при Универзитетот ” Св.Кирил и Методиј”, Скопје,
    - Вонреден професор по Јавно-приватно партнерство и локален економски развој на пост-дипломски студии на Економскиот факултет, при Универзитетот ” Св.Кирил и Методиј”, Скопје
    - Вонреден професор по Економска  евалуација  во здравствениот систем на пост-дипломски студии на Фармацевски факултет, при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”, Скопје.


    Николај Сергеевич Драгомирецки

    Екобултекс АД Софија

    - Извршен директор |2011- |

    Прва Инвестициона Банка АД Софија

    - Дилер на валутен пазар |1995-2011|

    Прва финасиска брокерска куќа Софија

    - Брокер |1994-1995|