Девизен ПП

Отворање сметки на правни лица

Врз основа на писмено барање (образец на Банката) и прилог на соодветната документација банката отвора сметки на правни лица во Р. Македонија кои сакаат да вршат платен промет во земјата.

Документи што се доставуваат за отворање девизна сметка на резиденти се: 

    1. Решение за упис или тековна состојба од трговскиот регистар, во хартиена форма или електронски, потпишани со квалификуван сертификат согласно со закон, или акт од надлежен орган, или извод од закон, или Решение за отварање стечајна постапка;
    2. Заверен потпис на лицата овластени за застапување (ЗП Образец) оригинал или копија заверена на нотар;
    3. Спесимен на потписи на лицата кои ќе располагаат со средствата на сметката (образец на Банката);
    4. Прашалник за начинот на доставување на налози до Банката и прием на пошта од Банката (образец на Банката);
    5. Договор за отворање и водење сметка (образец на Банката). 


    Странските правни лица (нерезиденти) отвораат девизни сметки врз основа на следните документи: 

    1. Писмено барање за отворање на нерезидентна девизна сметка;
    2. Поднесен оригинал или заверен препис од документот за регистрација од домицилната земја;
    3. Превод од регистрација од овластен судски преведувач ( доколку е на јазик кој не го разбира референтот кој ја врши идентификацијата ) заверен на Нотар;
    4. Потпис заверен од Нотар на овластено лице наведено во регистрацијата на фирмата;
    5. Овластување на застапник издаден од странско правно лице заверено на Нотар;
    6. Копија од пасош на правниот застапник и овластеното лице кое ќе располага со сметката;
    7. Потпис на договорот за сметката и на потписниот картон.
    8. Врз основа на писмено барање (образец на Банката) и прилог на соодветната документација банката отвора сметки на правни лица во Р. Македонија кои сакаат да вршат платен промет во земјата.

    Камата на слободните парични средства

    Каматата на слободните парични средства на сметката изнесува 0,05% на годишно ниво. Каматата се пресметува и плаќа еднаш месечно