Дебитни картички

Дебитни картички

Дебитните бесконтактни картички на УНИБанка се поврзани со трансакциска сметка и овозможуваат плаќање во трговија и на интернет  како и подигнување на готовина. Дебитните картички може да се користат за интернет плаќања кај сите трговци кои ги прифаќаат овие картички и е назначено соодветното лого.

УНИБанка Ви дава можност за издавање дополнителни картички на една сметка на блиски или членови на семејството по Ваше ополномоштување. Овие картички се особено поволни за Вашите деца – ученици и студенти.

Доколку се склучи посебен договор со Банката за кредит за дозволено пречекорување, Вашата дебитна картичка може да стане кредитна!

Бесплатна бесконтактна дебитна картичка Debit MasterCard® или VISA Electron може да Ви биде издадена во било која експозитура на УНИБанка низ Р.Македонија.

Ние го цениме времето и парите на нашите клиенти.