Студентски кредит

СТУДЕНТСКИ КРЕДИТ

Доколку Ви недостасуваат финансиски средства за плаќање уписнина на факултет или продолжување на Вашето
образование, купување на компјутер или други помагала за Вашето образование, не губете надеж.

УНИБанка Ви нуди можност за нов наменски кредит, студентски кредит, кој ќе им овозможи на студентите да обезбедат финансиски средства за оласнување на Вашето студирање.

Кредитот е со поволни услови:

  • лимит до 240.000,00 денари
  • со грејс период од 1-3 месеци
  • брз рок на oдобрување

подарок:

  • бесплатни дебитни картички Maestro и Visa Electron !!!

Со УНИБанкa инвестирајте во знаење, знаењето е најголемо богатство на светот!!!

Износ на кредитот До 240.000,00 МКД
Каматна стапка

Референтна каматна стапка објавена од НБРМ (за период од 01.01.2017 – 30.06.2017 = 3,75%) + 8%

(Годишни стапки на вкупни трошоци)

Метод на пресметка Пропорционален
Рок на враќање До 36 месеци, во кој е вклучен грејс период од 3 месеци
Начин на користење на средствата Наменски за плаќање на семестрални /годишни партиципации
Начин на плаќање Со цел семејството полесно да ги планира месечните расходи , плаќањето на кредитот се врши во еднакви месечни ануитети. Дозволено е предвремено враќање на дел од главницата или целата главница, само ако е најмалку во износ од еден месечен ануитет. 
Обезбедување
  • Задолжително ко-кредитобарател и жирант
  • Меница со менична изјава од кредитокорисникот, ко-кредитокорисникот и жирантот
  • Административни забрани
Рок на одговор на барањето Во рок од 3 работни дена од доставување на комплетна и уредно потполнета документација.
Провизија за управување со кредитот
  • 2% еднократна провизија на одобрениот кредит. вклучително и меница.
  • 600 денари за манипулативни трошоци и за разгледување на кредитното барање.
Провизија за предвремено враќање 0% на предвреме вратената главница
Предоговарање на условите 600 денари за промена на услови
Услови кои треба да ги исполни кредитокорисникот
  • Да е редовен студент. Македонски граѓанин, со навршено полнолетство.
  • Да има доставено во прилог на барањето до банката, про-фактура за плаќање на уписнина на факултет.
  • Задолжителен ко-кредитобарател и жирант
Услови кои треба да ги исполни ко-кредитобарателот

 

  1. Минимален нето доход од 10.000 МКД без вклучени дополнителни примања;
  2. Месечните задршки по основ: 
    - рати од кредити да не поминуваат 50% од декларираниот месечен доход (приходите) и 
    - рати од кредити, рати од кредитни картички (5% од искористен лимит согласно информација од последен кредитен регистар) и рати од дозволено пречекорување (месечна камата, пресметана со највисоката законски дозволена каматна стапка во моментот на анализа, од искористен лимит согласно информација од последен кредитен регистар), да не поминуваат 75% од декларираниот месечен доход (приходите).
  3. Месечните задршки по основ: 
    - рати од кредити да не поминуваат 60% од декларираниот месечен доход (приходите) и 
    - рати од кредити, рати од кредитни картички (5% од искористен лимит согласно информација од последен кредитен регистар) и рати од дозволено пречекорување (месечна камата, пресметана со највисоката законски дозволена каматна стапка во моментот на анализа, од искористен лимит согласно информација од последен кредитен регистар), да не поминуваат 80% од декларираниот месечен доход (приходите) за клиенти вработени во МО и МВР, кои земаат плата во УНИБанка.
  4. Дополнителни приходи кои можат да се документираат се земаат во предвид при оценка на кредитоспособноста на клиентот по оценка на Банката 
Услови кои треба да ги исполни жирантот
  1. Минимален нето доход од 10.000 МКД без вклучени дополнителни примања;
  2. Месечните задршки по основ рати од кредити да не поминуваат 50% од декларираниот месечен доход (приходите);
  3. Месечните задршки по основ рати од кредити да не поминуваат 60% од декларираниот месечен доход (приходите) за клиенти вработени во МО и МВР, кои земаат плата во УНИБанка;
  4. Дополнителни приходи кои можат да се документираат се земаат во предвид при оценка на кредитоспособноста на клиентот по оценка на Банката

Неопходни документи

За студентот:

За ко-кредитобарателот:

  • Потврда за вработување и лични примања
  • Административна забрана (два примероци)
  • Заверени рекапитулари за последни 6 месеци (за вработени во приватен сектор);
  • Договор за вработување, односно М1/М2 (за вработени во приватен сектор);
  • Копија од претходни договори за вработување на вработени на определено време;
  • Важечки документ за лична идентификација. 


    Калкулатор за кредити
    Износ на кредитот
    Годишна каматна стапка %
    Број на рати
    Месечна рата
    *Калкулаторот е информативен.
    За точна пресметка ве молиме обратете се во најблиската експозитура